Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје, за која постои сомневање дека во периодот од 2016-2018 година сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања и лицето А.С., во својство на управител на правниот субјект „Просервис инженеринг“ ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело помагање и кривично дело фалсификување или уништување на деловни книги.

Првопријавената Е.А. пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, постапувајќи спротивно на член 13 и член 33 од Законот за градење, во три постапки за јавни набавки доставила фактури со невистинита содржина на правниот субјект „Просервис инженеринг“ ДООЕЛ Скопје, со што овозоможила второпријавеното лице А.С. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.327.400,00 денари, за кој износ го оштетила буџетот на СУГС „Браќа Миладиновци“ Скопје – стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.