Две девојки, на 19 и 20-годишна возраст, синоќа го нарушиле јавниот ред и мир кога се степале во кафе-бар во Радовиш, соопшти МВР.

„На 05.12.2021 во 00.40 часот било пријавено дека во угостителски објект во Радовиш, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.П.(19) и Б.С.(20), двете од Радовиш“, се вели во полицискиот билтен.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.