По денешната брутална тепачка во центарот во Струмица во која беше истепан еден човек, на социјалните се обрати и девојка која тврди дека претходно била нападната од група вооружени лица, објави „Струмица денес“.

По сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви, зар тоа да дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје? Ги повикувам надлежните институцции да застанат во одбрана на вистината. Зашто ако не се спречат навреме следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови – пишува девојката.

Вчера околу пладне се случила тепачката во центарот на Струмица, а во која учествувале повеќе лица. Снимка од инцидентот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.

Некои медиуми објавија дека наводно еден од телохранителите на премиерот Зоран Заев бил вмешан во инцидентот.

Вечерта тој на Фејсбук ги демантираше гласините.

Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека ‘нападнатите лица‘ на видео снимката не биле само двајца туку биле дваесетина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во казино со дрвја, камења и со ладно оружје – напиша Александар Трајков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.