23-годишна девојка била прегазена од автомобил во скопската населба Чаир. Таа се здобила со тешки повреди, по што била пренесена на Килиника.

На 30.01.2021 во 21:00 часот било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(23) од Скопје, удрило во пешакот Н.К.(23) од Скопје. Во незгодата Н.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. – стои во билтенот на МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.