На 12.11.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туарег“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(63) од Италија, со постојан престој во Скопје, удрилo во пешакот Т.К.(24) од Скопје.

Во несреќата Т.К се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.