Во дневниот билтен на МВР се регистрирани два напада од улични кучиња, во кои се каснати девојче од Пробиштип и жена во Скопје.

Вчера околу 14 часот во СВР Скопје, Т.М.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Радишанска“ била касната од куче скитник.

Синоќа во 22:25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, 12-годишно девојче било каснато од куче скитник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.