Три лица се повредени вчера во 22.30 часот во судир на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци.

Како што соопштува МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од З.З.(35) од Кавадарци и велосипед управуван од малолетник од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетничка која се превезувала на велосипедот, а со телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.