Тринаесетгодишно девојче синоќа паднало од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица, информираат од СВР Тетово. При падот, девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.