Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за нелегално изнесување на готовински платежни средства од државата, еден обид за криумчарење златни предмети, еден обид за внесување фалсификати и еден обид за криумчарење мигранти. Од Царинската управа велат  дека притоа привремено се задржани:

Девизи

– 25.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автомобил и личен претрес на двајца српски државјани кои со возилото се пријавиле за излез од државата, на граничниот премин Богородица. Кај двајцата патници биле пронајдени по 10.000 евра, додека во кутијата за прва помош, сместена во багажникот на возилото, биле пронајдени уше 25.000 евра, за кои возачот изјавил дека се негова сопственост. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

– 20.000 евра, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Богородица.

Во првиот случај, при личен претрес на грчки државјанин кој, управувајќи грчки автомобил, се пријавил за излез од државата, во предните џебови од неговите панталони биле пронајдени 20.000 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а 10.000 евра биле привремено задржани.

Во вториот случај, двајца босански државјани, кои со босански автомобил се пријавиле за излез од државата, пријавиле дека со себе носат 20.000 евра, но при извршениот личен претрес кај возачот биле пронајдени 20.000 евра, а кај сопатничката, сопруга на возачот, биле пронајдени уште 10.000 евра.

Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а 10.000 евра биле привремено задржани.

Во двата случаи, против двајцата возачи се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Златни монети и накит

– 56 златници и 5 парчиња златен накит, со вкупна маса од 429 грама, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил со кој за излез од државата на граничниот премин Блаце се пријавиле двајца сопружници, македонски државјани. Непријавените златници и златниот накит биле откриени во еден сошиен чорап, сместен во несесер, и во алуминиумска фолија, сместена во паричник, пронајдени во чантата на сопатничката.

Истите се привремено задржани, а случајот е предаден на Одделението за истраги при Царинската управа, за понатамошно постапување.

Делови за багер

– 1 употребуван ладилник за багер, откриен при контрола на стока со потекло од Албанија, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга. Непријавениот ладилник, кој не бил опфатен со царинската декларација, е привремено задржан, а против увозникот ќе биде поведена соодветна постапка

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 336 пластични капачиња и 149 пластични стикери за бандажи со лого на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на брза пратка од Хонг Конг, наменета за физичко лице од Скопје. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуалана сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските одредби ќе биде поведена постапка за утвдување на нивната оригиналност.

Мигранти

Во царинската испостава Скопје 3, возач на ирански камион паркиран во терминалот, пријавил дека слушнал човечки гласови од приколката кои повикувале за помош. Преку Дежурниот царински центар биле известени мобилните царински тимови, кои по пристигнувањето на терминалот извшиле контрола на приколката, при што биле пронајдени 6 илегални мигранти. Според нивните изјави, петторица биле државјани на Бангладеш а еден бил државјанин на Пакистан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.