Единица за насилен криминал до Основно јавно обвинителство во Скопје поднела кривична пријава против Х.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 16.04.2020 во атарот на село Петровец, пријавениот, по претходна вербална расправија поради фамилијарни проблеми и нетрпение, со тврд предмет го нападнал Е.Л.(39) од Скопје, по што со пиштол испукал неколку куршуми кон него – се вели во соопштението на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.