Деветмина полицајци се повредени вчера во 08.20 часот во близина на с.Белановце, Липковско, откако се судриле комби и автомобил .

До несреќата дошло при судир помеѓу комбе „рено“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, во кое се превезувале девет полициски службеници и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(48) од Куманово.

По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, Јавен обвинител и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.