Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 23 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

По однос на обврската за носење на лична заштита во текот на изминатите 24 часа опоменати се девет лица.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 84 лица им се издадени решенија за изолација, а ист број на лица – 84 потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.