Малолетно лице е повредено во сообраќајната незгода што се случила вчера во 08.55 часот на ул.„Радишанска“ во Скопје. До несреќата дошло кога мопед „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од В.Д.(18) од Скопје, удрил во малолетник од Скопје.

Во незгодата, детето се здобило со повреди и било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.