Татко и син синоќа во нивниот дом во Прилеп биле физички нападнати од негови познаници.

– Синоќа во 22.30 часот во ОВР Прилеп, Р.Р. (45) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом на ул. „Дебарца“ во Прилеп, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и неговиот син И.Р., од една страна и И.В. и Е.Н., од друга страна, со кои пријавителот се познавал, по што во еден момент И.В. извадил пиштол и испукал во воздух, информира Министерството за внатрешни работи.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.