Тешката сообраќајна несреќа во која загина скопјанец се случи вчера во 17,00 часот на локалниот пат село Петровец, Катланово, на самиот влез во село Катланово.

Управувајќи патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки Г.М.(72) од Скопје изгубил контрола над возилото и излетал од патот и паднал во канал. Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.