Вчераутро на магистралниот пат Радовиш – Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Цитроен Џампер“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.Г. (42) од с. Лески, виничко и товарно возило „Фиат Дукато“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.Г. (23) од Радовиш.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Фиат Дукато“, Г.Г. и бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му била укажана лекарска помош..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.