Петгодишното девојче кое утрово почина на скопските клиники се удавило во базен во угостителски објект во близина на населбата Злокуќани во Скопје.

Како што пишува „Скопје Инфо“, попладнево во болница е хоспитализиран и таткото на девојчето кој е во критична здравствена состојба како последица од стресот кој го доживеал по информацијата за смртта.

МВР попладнево информираше дека вчера било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче кое утринава во 8,30 часот починало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.