Професор од Тетово осомничен за силување на осумгодишно девојче, вчера околу 16 часот си го одзел животот во затворот во КПУ Скопје, потврдуваат за МИА од затворот.

Шеесет и едногодишниот професор се обесил во ќелијата каде што бил сместен, а откако бил пронајден била констатирана смрт.

Тој беше уапсен на крајот на февруари годинава под обвинение за обид за силување на малолетничката.

Обидот за силување го пријавила мајката на девојчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.