Мал воздухоплов од типот Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Солунска Глава. Два полициски хеликоптери беа во потрага на изгубената Цесна, потврди за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески.

Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија, рече Тасески.

Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции.

Авионот е веќе пронајден паднат на северната страна на Солунска Глава, над селото Пуста Брезница. Во моментов екипа на полицијата и планинарски екипи се упатени кон местото на несреќата. Според листата на патници станува збор за маж, жена и две девојчиња. Според неофицијални информации станува збор за познат олигарх од Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.