Четириесет и осумгодишен градежен работник, по потекло од општина Центар Жупа бил усмртен од меракен панел на местото каде што работел.

Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски, кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија, изјави за МИА, жител на Житинани.

Ајдаровски бил оженет и татко на три деца на 19, 17 и 10-годишна возраст.

За трагичниот настан известуваат и италијанските медиуми според кои обивинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката Даниела Брунети наредила да се изврши обдукција на телото за да се открие причината. На распит биле повикани одговорните лица.

Во Италија живеат и работат повеќе илјади жители од оваа, од општина Дебар и од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.