Две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила утринава во 3:35 часот на крстосницата на булеварите Кузман Јосифовски Питу и Никола Карев во Скопје, кај Железничката станица.

Незгодата се случила меѓу патничко возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.С. (23) и „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки управувано од В.Н. (23) од Скопје.

Повредените лица се пренесени во Ургентниот центар.

Извршен е увид од страна на СВР-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.