Министерството за внатрешни работи излезе со детали за вчерашниот инцидент, во кој после сообраќајна незгода синот на познат политичар се пресметал со останатите учесници.

Како што соопштуваат од полицијата, вчера во 22:30 часот А.И.(20) од Скопје пријавил дека пред сендвичара на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу „фиат пунто“, кое тој го управувал, патничко моторно возило „опела астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Г.(23) од Куманово и патничко моторно возило „масерати“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(27) од Скопје бил физички нападнат од совозачот во патничко моторно возило „масерати“ Г.Б.(38) од Скопје.

Очевидци на настанот за „Република“ откриваат дека тепачот Г.Б. е син на познатиот и долгоогдишен политичар А.Б.

ПОВЕЌЕ:

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.