Двојно убиство се случило денеска во скопската населба Карпош на улица „Рузвелтова“ . Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи за МИА, М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.

Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР. 

Како што објавува порталот „Локално“, убиецот во моментов се чува под полициска заштита во Градската болница.

Според информациите, убиецот боледувал од шизофренија и самиот пријавил за убиството што го извршил.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.