Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, бил еден од учесниците во тешката сообраќајка што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, дознава „360 степени“. Засега нема информации дали тој управувал со некое од возилата и дали е повреден.

Кичеец издржува тригодишна затворска казна во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга. Од Управата за извршување санкции за „360 степени“ велат дека осуденикот во моментов се наоѓа на 30 дневен прекин на издржување на казната од здравствени причини. Решението за прекин, тврдат оттаму, е издадено врз основа на медицинска документација и е со траење до 8 септември.

Кичеец влезе во КПД Струга во октомври лани. Ако се пресмета времето поминато таму, како и ефективниот и домашниот притвор, тој веќе има одлежано повеќе од половина од неговата казна.

КДП Струга е од отворен тип и, како што велат од Управата, тој излегува секој ден за работа, користи викенд еднаш месечно, а има право и на годишен одмор од 22 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.