Едно лице загина, едно е вратено во камп, а 11 мигранти се префрлени во болницата во Кавадарци по сообраќајката на автопатот Демир Капија-Неготино, потврди за МИА Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.

Итната медицинска помош при Здравствениот дом интервенирала со три возила во сообраќајката во која возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП“ удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.

Едното лице било полесно повредено и предадено на полиција да го врати во кампот.Болничкиот персонал е ангажиран околу повредените, а неофицијално, од извори во болницата, тројца од повредените најверојатно ќе бидат однесени на Скопските клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.