Припадници на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје, во близина на Велес, откриле 45 стебла на марихуана.

Како што се соопштува во полицискиот извештај:

На 14.08.2019 од страна на полициските службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во м.в.„Шорка“, во непосредна близина на Велес, пронајдени се 45 стебла марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.