Во текот на вчерашниот ден се реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на 11 лица.

Во временскиот период од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А. Ш., за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист.

Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар лишени од слобода се две лица, а едно лице се наоѓа надвор од Република Македонија.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 11 лица, од кои Г.Ш. (51) од Тетово за кривично дело „трговија со дете“ (418-г став 2), С.С. (59) од Тетово за „трговија со дете“ (член 418-г став 1 и став 3), А.П. (67) од Тетово и К.Х. (50) од Гостивар за „трговија со дете“ (член 418-г став 1) и Р.А. (69), И.З. (55), И.Е. (67), А.М. (50), Ќ.Ќ. (53) и Ф.А. (63), сите од Тетово и А.Ш. (51) од Гостивар за „трговија со дете“ ( член 418-г став 3) од Кривичен законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.