Денеска во 14 часот граѓанскиот суд во Скопје ќе ја објави пресудата за случајот во кој обвинителката Вилма Рускоска ја тужи за клевета ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател.

Рускоска бара отштета од 10 илајди евра бидејќи партијата за време на изборите го користела нејзиниот лик во два рекламни спотови.

Тие како што навела во тужбата и предизвикале несоница, страв и анксиозност.

Во текот на судењето, од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека спотовите биле саркастични со критика за власта и државните институции. Тужбата на Рускоска ја нарекоа закана за сите сите кои се незадоволни од работата на институциите.

За одбраната на Рускоска спотовите не биле саркастични туку смислени лаги за клеветење на обвинителката. Сметаат дека не  била дел од изборниот процес и недозволиво било да се користи нејзиниот лик во политички маркетинг.

Обвинителката Рускоска најави дека доколку судот пресуди во нејзина корист, отштетата од 10 илјади евра ќе ја донира во хуманитарни цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.