Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе се одржи ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, познат како случај „Монструм“. Ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари. На претходно рочиште сведочеа вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал.

За овој случај со доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмајловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Лута. Во декември минатата година, откако судскиот процес беше вратен од почеток, обвинетите беа пуштени да се бранат од слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.