Маж во скопско Марино фатен на дело додека крадел во маркет.

На 18.01.2021 во 13:20 часот во маркет во с.Марино, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода З.П.(60) од с. Миладиновци, скопско, затоа што бил затекнат при извршување кражба во маркетот – соопштува полицијата.

Кај него биле пронајдени украдените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.