Адвокатот Мерџан Даути реагираше во врска со информацијата на некои портали, дека денешното рочиште позната во јавноста „ТНТ“, намерно се одложува.

Неговото соопштение ви го пренесуваме интегрално во продолжение:

Во врска со информацијата на некои портали, дека денешното рочиште позната во јавноста „ТНТ“, намерно се одлага, Ве информирам дека:

– сопругот на мојата странка која ја бранам, имал непосреден контакт со докотор кој е во карантин поради coronavirus (COVID-19),

– постои можност, мојот клиент да е во ризична категории, т.е. е пензионер и со определени здраствени проблеми,
– странките во постапката, како и судиите, преставниците на невладите организации, новинарите имаат семејства во кои има лица од ранливи категории и сите ние сме изложени на ризик,
– судот не пружи никакви мерки за заштита, т.е. нема дизефекција на судниците, не се седи на растојание од 1,5м при што согласно препораките на министестерството за здраство, напротив во мали простории без соодветна вентилација се наоѓаме и по 50 лица,
– напоменувам дека во судот секој ден се спроведуваат лица од притвор, затвор и куќен притвор со недезифецирани возила.

Па се поставува прашањето: Кој и во какви услови ќе ги лекуваат тие луѓе?
– Што ако се заразат полициските службеници што вршат спровот, тоа директно влијае на капацитетот на безбедносниот сектор на кој во вакви околности паѓа голем дел од товарот за заштита на јавното здравје.

Во интерес на вистината во однос на денешното судење, но и оценувајаќи дека ова мое соопштение ќе придонесе кон носење на исправни одлуки од страна на министерот за здравство и Владата на Македонија, Ве молам ова мое соопштение да се објави во целост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.