Двегодишниот Дарио кој вчера беше тепан од дадилката има видливи повреди, модрици и гребаници на лицето и вратот. Оваа фотографија ја објави роднина на детенцето и повика секој што бил сведок на малтретирањето да ги контактира.

Мајката на тројката близначиња за Сител вели дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор вели детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна.

Полицијата ја приведе дадилката и таа е задржана во полициска станица се до пробирање на потребната документација. Од ОЈО информираат дека за случајот постапува јавен обвинител кој во текот на денот ќе донесе одлука.

Инаку, дадилката Ж.П е на возраст од 59 години и речиси една година била ангажирана за чување на близначињата. Случајот беше пријавен од сопственикот на игротеката каде дадилката вчера беше забележана на видео надзор како го тепа детето.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека како Влада постигнале повисоко ниво на грижа и реакција во вакви случаи. Таа смета дека не смеат да се случуваат вакви работи бидејќи децата од мала возраст доколку се изложени на насилство, го губат својот потенцијал, но исто така се стекнуваат со одредено однесување кое понатаму ќе го практикуваат како насилно.

Во законот постои опција физичко лице да добие лиценца за грижа, но често родителите одлучуваат лица блиски до нив да бидат негуватели и не избираат лиценцирани воспитувачки и негователки во нивните домови. Ги потикнувам родителите, има организации и компании кои вработуваат само лиценцирани негователки и токму затоа ниту во законот за детска заштита гарантиравме дека физичко лице може да се стекне со лиценца и да работи професионално во оваа област, вели Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.