Синоќа на патот Кавадарци – Неготино, на местото викано „Маренски уши“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Т. (53) од Битола и запрежно возило, управувано од Д.В. (67) од Неготино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.В. и бил пренесен во Општата болница во Кавадарци за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.