Министерот за внатрешни работи Наке Чулев преку Фејсбук статус напиша дека е уапсен полицацец по пријава на граќанин за барање мито. Чулев истакна дека вработените во Министерството за внатрешни работи имаат обврска и се должни строго да ги почитуваат законските прописи. Во таа насока ги повикува и охрабрува граѓаните да го пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници.

По примена пријава од страна на граѓанин, а во координација со надлежен обвинител за гонење на организиран криминал, Единицата за корупција во Министерството за внатрешни работи по претходни добиени сознанија го лишиле од слобода полицискиот службеник Б.Џ. и при извршен преглед кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари.

Имено, полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп. Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот. Полицискиот службеник е лишен од слобода и при прегледот од него се одземени парични средства во износ од 6000 денари кои биле кримтехнички обработени.

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување.

Вработените во Министерството за внатрешни работи имаат обврска и се должни строго да ги почитуваат законските прописи. Во таа насока ги повикувам и охрабрувам граѓаните да го пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.