Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 29211 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 251 прекршоци во изминатото деноноќие, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Наке Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 80 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.
На територијата на целата држава на вкупно 155 лице им се издадени решенија за изолација, а 5 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.
Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.