Од страна на полициските службеници досега се констатирани вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 444 прекршоци во изминатото деноноќие, објави денеска на неговиот ФБ профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие се извршени 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.

На територијата на целата држава на вкупно 197 лица им се издадени решенија за изолација, а четири лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани две лица кои не ги почитувале овие мерки, објави министерот Чулев.

Министерот Чулев на неговиот ФБ профил уште еднаш апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички, како што напиша, да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.