Човек паднал од карпа кај Лабино во Охрид, на тешко пристапен терен.

Во спасувачката акција учествувале припадници на ТППЕ-Охрид. Брзата реакција на пожарникарите, придонела за брзо пронаоѓање на повредениот и транспорт на истиот со пловен објект.

Како што обајви „Охрид1“, лицето дава знаци на живот и истото веднаш е пренесено во Општата болница во Охрид на хируршкото одделение.

СВР виши увид, по што ќе се утврдат причините за несреќата.

Фото: Охрид1

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.