Македонката Станислава Чочоровска, која беше осудена на 14 години затвор поради шверц со кокаин во канти за поликолор, застана во одбрана на македонската актерка Силвија Стојановска, која синоќа доби 30-дневен домашенн притвор поради шверц на голема количина кокаин.

Многу сум среќна што не дишам ист воздух со македонската ментална беда. Имате сериозен проблем, знаете сè, лоши сте , едвај чекате некому било што да се случи, целата своја лична бедотија и болест да ја истурите врз луѓе покрај кои не сте можеле ниту да поминете во животот. Едвај дочекавте како хиени да ги унакажете.

Во оваа држава не треба да има новинари, бидејќи на ред не можат да дојдат да објават од вас, бидејќи знаете сè за секого. Коментирате што ќе ви текне, веројатно така се чувствувате подобро истурајќи го својот бес некаде и нанесувајќи му некому зло.

Вистината за кокаинот ја знае само Силвија Стојановска. Кои сте бре вие, шљаму еден, некому предвреме да судите и пресудите без суд, по улици и кафани? Вас ли некој ќе ви полага сметки? Завртете се околу себе и погледнете се во огледало“, ѝ порачува на дел од македонската јавност Чочоровска, која ја осудуваше актерката Стојановска на социјачните мрежи по апсењето .

Чочоровска беше осудена на повеќегодишна затворска казна која ја одлежа во затворот „Идризово“. Во 2007 година, на граничниот преми Блаце беше откриена голема количина кокаин во канти за поликолор во камион превезуван од Алија Азировиќ. Двајцата беа беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин. Чочоровска доби 14 години затвор, а во 2017 беше пуштена на слобода заради лекување. Вредноста на дрогата запленета на Блаце беше 92 милиони евра.

Денес таа живее во Белград.

Половина Белград е по затвори и никој никого не коменира, трачари едни селски, затоа е Белград – Белград, порачува Чочоровска од Белград.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.