Од СВР Куманово денеска информираат дека во ПС ОН Куманово во 16 часот телефонски било пријавено дека 2-3 лица постојано носат лица за гласање и се шетаат по ходниците.

Неколку минути подоцна, исто така телефонски, пријавено е дека симпатизери на политичка партија стоеле пред врата на избирачкото место и притоа гласачите кои доаѓале да гласаат тешко влегувале на гласачкото место, а истото ги иритирало.

Се превземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.