Корисници на социјалните мрежи коишто членуваат во групата „Јавна соба“ на Телеграм, ја бараат девојката која во полиција пријавила дека таму се објавуваат фотографии и лични податоци од девојки од Македонија.

Откако вчера Сител објави дека 22-годишна девојка пријавила во полиција дека во групата биле објавени една нејзина фотографија од Фејсбук и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа, членови на групата објавуваат фотографии од можни девојки кои ја пријавиле групата.

Во групата се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, што се споделуваат со околу 5.600 членови на групата.

Во меѓувреме, расте револтот на социјалните мрежи. Граѓани бараат полицијата да се активира и да ја блокира групата, но се бара и одговорност за креаторот и за членовите кои споделуваат лични податоци од девојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.