Четири лица се повредени, од кои три тешко, откако во нив удриле возила во три одделни несреќи низ Македонија кои се случиле вчера.

Прво во 11.40 часот било пријавено дека во Струга на ул.„Партизанска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.Б.(55) од с.Лабуништа-струшко удрило во М.Ч.(54) и С.З.Ч.(53) двајцата од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ч., а со телесни повреди се здобила С.З.Ч., констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Во 18.45 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Видое Смилески-Бато“ патничко моторно возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ќ.Д.(70) од Тетово удрило во Х.А.(52) од с.Порој-тетовско. Во несреќата Х.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Вечерта во 21.10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Ацо Шопов“ патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(23) од Скопје, удрило во Ц.Д.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ц.Д., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.