Ноќеска во 00.30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Mилан Марковиќ“ и „Ловќенска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски реистарски ознаки, управувано од Д. М. (21) од Тетово и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Р. (41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „мерцедес“, Е. А. (62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, Ч. М. (59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.