Вчера во 19,30 часот на раскрсницата од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген поло“ сопственост на МВР управувано од М.Г.(28) и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С.(37) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила и истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им е пружена медицинска помош.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.