Вчера во 19:10 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на Сретковски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со гостиварски регоистарски ознаки, управувано од 38-годишниот гостиварец В.Ќ. и „сузуки свифт“ со струшки ознаки, што го управувал 53-годишниот стружанец Р.Х., соопшти МВР.

Во несреќата, М.Ќ.(63), сопатничка во „аудито“, задобила тешки, а двајцата возачи и малолетен сопатник, исто така од „аудито“, телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.