Во сообрќајна несреќа што се случи во 10:40 часот на патот Струмица – Валандово пред селото Костурино повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Струмица, информираше за МИА портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

На патот моментно е создадена долга колона од возила кои се движат во правец од Валандово кон Струмица додека на лентата од спротивниот правец повремено се пуштаат возила.

Увидот на местото на несреќата се уште трае, а според првичните информации во сообраќајната несреќа учествувале три возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.