Четири лица, од кои две малолетни, се потешко повредени синоќа при судир на две возила во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22.45 часот на улица „Христо Батанџиев“, при судир помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“, управувано од Д.Т. (30), и патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од И.Б. (37), при што со тешки телесни повреди се здобиле четири лица – Г.Б. (35), сопатник во возилото „Голф“, како и И.Б. и двете малолетни деца – негови сопатници.

Повредените Г.Б. и И.Б. биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, додека двете малолетни лица во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На лице место извршен бил увид од екипа од СВР – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.