Четиригодишно дете-пешак од Словенија вчера попладне било удрено од автомобил „Фолксваген голф“ на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје.

Возилото било управувано од скопјанецот А.Џ. (42).

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.