Четворица пожарникари со само еден камион успеале да изгаснат пожар на тешко пристапен терен во шумскиот предел над тетовско Гајре.

Интервенцијата е извршена во периодот од 13 до 14 часот и 30 минути и на тој начин е спречно да стигне до првите објекти на селото.

За да се спречи ширење на овој пожар спроведувани беа црева од камионите низ шумата до местата каде имаше оган и на тој начин се стигна до непристапниот терен – информираат тетовските пожарникари.

Денеска пожарникарите интервернирале на пожар во атарот на Брвеница и во близина на основно училиште во Тетово.

Изминатиот период голем број пожари беа изгаснасти низ тетовските ниви каде изгореа десетици хектари пченица и други земјоделски култури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.