Синоќа околу 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус кој сообраќал од Транспортен Центар кон населба Ченто, бил нарушен јавниот ред и мир.

Според пријавеното, неколку лица упатувале навреди кон А.П. (17), В.М. (16) и Ф.К. (17), сите од Скопје, по што физички ги нападнале А.П. и В.М..

По преземени мерки, околу 20.30 часот, во врска со настанот биле приведени Р. А. (21), Е.А. (15), Ф.Б. (14) и Б.Р. (15), сите од Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.