Четири лица во текот на вчерашниот ден во Скопје биле искасани од кучиња скитници.

На 15.04.2023 околу 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.П.(19) од с.Мирковци, скопско, пријавил дека на ул.„Бутелска“ бил каснат од куче скитник.

На 15.04.2023 во 16.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.М.(49) од Скопје пријавил на ул.„Жан Жорес“ бил каснат од куче скитник.

На 15.04.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.П.(38) од Скопје пријавила дека во с.Кучково нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 15.04.2023 во 19.50 часот во Полициската станица Чаир, Х.И.(24) од Скопје пријавила дека на ул.„Призренска“ била касната под куче скитник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.